Свет
14. August 2017 - 8:54

Пет лица повредени во експлозија на гас во Лисабон

Силна експлозија одекна вчера во еден од станбените објекти во туристичкиот центар на Лисабон. Повредени се најмалку пет лица, а меѓу нив државјани на Германија и Франција.

Инцидентот се случи во Алфама - најстариот историски регион во португалската престолнина, привлекува голем број туристи.

Експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас во приватен стан, најмен од германско семејство. Полесни повреди добиле и двајца Французи, кои минувале под прозорецот за време на експлозијата.

Сите станари се евакуирани, откако огнот ја зафати целата зграда.