Фудбал
19. January 2016 - 10:17

Пет гола на Еибар во мрежата на Гранада

 
 Фудбалерите на Еибар славеа убедлива победа со 5:1 над Гранада во последниот меч од 20.коло на шпанската Примера, одигран синоќа.  
 
Серијата на голови за домашниот тим ја започна, Инуи, а потоа следуваа по два гола на Серџи Енрих и Борха Басто, додека почесниот погодок за Гранада го постигна Ел Араби.
 
Со новите три бодови Еибар се врати на шестото место на табелата, додека Гранада остана во опасната зона 17-та. Гранада досега освои 17 освоени бодови еден повеќе од Рајо Ваљекано, односно два од Спортинг Хихон, додека последно пласираниот Леванте има 14 бодови.
 
Во годниот дел од табела пласманот е: Атлетико Мадрид 47 бодови, Барселона 45 (-1 натпревар), Реал Мадрид 43 бодови, Виљареал 40, Селта Виго 34, Еибар 32, Севиља 32, Депортиво Ла Коруња 28, Атлетик Билбао 28...