Македонија
18. May 2022 - 20:04

Пет години закон за укажувачи - дали функционира?

Законот за укажувачи има многу недостатоци и мора да се работи на негово подобрување. Ова е заклучокот на работилница организирана од Транспаренси пет години откако тој стапи во сила.

Вработен во Јавно претпријатие пријавил криминал. Антикорупциска испратила иницијатива и до Владата и до Јавното обвинителство. Но, бидејќи во Претпријатието имало повеќе членови на Управниот одбор отколку вработени, директорот брзо го открил свиркачот, па му се одмаздувал. Резултирало и со отказ по дисцплинска постапка. На вработениот му требале повеќе од две години за да ја докаже вистината и да биде вратен на работното место. Работникот веќе кажал дека никогаш повеќе нема да пријавува корупција во институцијата иако често бил сведок на такво нешто.  Претседателката на ДКСК смета дека државата мора да најде начин укажувачите да бидат наградувани, наместо да се казнуваат.

Законот за укажувачи е неопходен не само за намалување на корупцијата, туку и за градење демократско општество. Но, институциите мора да работат за подобра заштита на укажувачите.

-Ни требаат храбри луѓе кои ќе пријавуваат, но и институции кои ќе ги заштитат укажувачите...

Откако Законот почна да се применува до Антикорупциската комисија испратени се околу 35 пријави, но во најголем дел од нив, дури 26 не биле потврдени наводите. Само еден резултирал со иницијативи до ОЈО.