-->
-->
Пет години без Дуле: На грб го носам аманетот од другар ми
-->
Вчера поминаа точно пет години откако почина Душан Љубисављевиќ- Дуле, пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“. Тој 23 септември во 2013 година, луѓето беа во шок кога медиумите објавија дека не напушти фронтменот од дуото виолина и гитара. Дуле беше омилен кај колегите, пријателите, кај народот. Ако популарноста се мери по посетеноста на настапите на Дуле и Коки, тој беше ѕвезда, но остана скромното момче од Штип, неговиот град, во кој заедно со Коки на „Макфест“ во 1996, победија со песната „Виолина и гитара.“ Виолинистот Никола Јанков- Коки, за „Женски магазин“ се присети на својот другар и колега со кого помина 20 години во добро и во лошо.
– Многу претстави и филмови поминале пред моите очи и во мојата душа, во овој живот. Жанрот бил различен. Од комедија, до хорор, до љубовна драма. По 20 и повеќе години заедно, по можеби околу 250 настапи во годината во просек, и по 5 години откако Дуле не е меѓу нас, што човек може да каже во една реченица? Ништо, а можеби и многу. Дали дуото Дуле и Коки постои? Јас би рекол ДА. Затоа што сѐ уште слушам во публиката како луѓето извикуваат: „Марама“, ако може“, „Виолина и гитара“, „Колку треба да се плати“. Ги бараат. Е, некој треба да ги испее тие песни по настапи. Тоа сум јас, заедно со таа публика – вели Коки.
Виолинистот вели дека му тешко во тие моменти, но песните треба да живеат, поради Дуле.
Целото интервју прочитајте го на „Женски магазин“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари