Пет германски државјани уапсени од бугарските власти на границата со Турција
Бугарската полиција уапсила пет германски државјани, од кои едниот е малолетен, на граничниот премин со Република Турција, Капетан Андреево, јавуваат германските медиуми, цитирајќи бугарски извори.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин групата патувала со воз од Букурешт за Истанбул, а причина за приведувањето биле знаци на радикализација, карактеристични за таканаречените странски терористи.
Според податоци на бугарските служби за безбедност, четворица од уапсените предходно биле инволвирани во давање подршка на терористички групи.
По приведувањето и соодветните проверки четворицата возрасни се протерани во Германија, а малолетниот германски државјанин ќе биде предаден на членови на неговото семејство.
Над 800 државјани или луѓе со регулиран престој во Германија во последниве неколку години заминале да се борат во редовите на Исламска држава и другите терористички групи во Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра