Свет
22. January 2016 - 9:50

Пет деца повредени во експлозија во училиште во Дијарбекир

Пет деца беа повредени денеска при експлозија во училиште во округот Дијарбекир, Југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Непознати лица во дворот на училиштето утрово фрлиле експлозивно средство во градот Баглар рано утрово. Во експлозијата биле искршени прозорците, при што биле ранети пет деца.

Повредените ученици биле примени во државната болница во Дијарбекир.