Балкан
16. January 2016 - 17:37

Пет безживотни тела пронајдени во водите крај Самос

Припаници на грчката Крабрежна стража денеска во водите на Егејското Море во близина на островот Самос открија тела на пет лица, најверојатно бегалци.

Претставник на Крајбрежната стража во изјава за грчките медиуми нагалси дека се пронајдени безживотни тела на двајца мажи и три жени.  

Засега не е познато од каде пристигнале петте тела.

Самос се наоѓа во непосрена близина на турскиот брег и е една од главните транзитни рути за влез на бегалци и илегалнии имгранти од Турција во Грција.