Свет
21. January 2017 - 12:20

Песков: За подготовка на средба меѓу Путин и Трамп се потребни месеци

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со американскиот колега Доналд Трамп, но за подготовка на таа средба се потребни месеци, а не недели, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Тоа нема да се случи следните недели. Се надеваме дека во најдобар случај состанокот ќе се одржи следните месеци, истакна Песков.

Според него, Путин несомнено е подготвен за таа средба.