Свет
19. March 2018 - 13:52

Песков: Велика Британија да ги поткрепи со докази тврдењата дека Русија е виновна за Скрипал

Велика Британија би требало да ги поткрепи со докази тврдењата дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, или да се извини, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Песков ги оквалификува тврдењата на Британија против Русија како „тешки за објаснување, неосновани и клеветнички“. Тој нагласи дека во случајот не станува збор за „заострување на односите со Западот“.

– Ја разбираме солидарноста на други држави кон Британија. Но, порано или подоцна ќе треба да се одговори за тие обвиненија. Неопходно е тие да бидат поткрепени со докази или да биде поднесено соодветно извинување“, рече тој