-->
-->
Песков: Трамп не е марионета на Путин
-->
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Доналд Трамп не е марионета на Владимир Путин, коментирајќи ги обвинувањата на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон дека рускиот претседател манипулирал со својот американски колега.
– Не, Трамп не игра онака како што Путин свири. Тоа што Путин го мисли за Трамп повеќе пати и лично го има кажано во бројни интервјуа, рече Песков.
Тој додаде дека Путин не смета дека е можно лесно да се манипулира со Трамп.
Болтон објави книга со мемоари под наслов „Собата каде што тоа се случи: Мемоарите на Белата куќа“, во која наведува дека Трамп ги ублажил своите ставови за Венецуела, откако разговарал со Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот