Свет
10. July 2017 - 16:10

Песков: Трамп и Путин подготвени да формираат група за кибер безбедност

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп не си ветија формирање заедничка група за кибер безбедност, но изразија подготвеноста да работат во тој правец, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Песков, на денешната прес конференција изјави дека Кремљ не знае за рускиот адвокат, кој наводно минатата година се сретнал со синот на Трамп, Доналд Трамп џуниор, со шефот на претседателската кампања на Трамп, Пол Манафорт и со зетот Џаред Кушнер, на две недели пред претседателските избори.

Наводите дека соработници на Трамп се сретнале со адвокат поврзан со Кремљ, денеска се појавија во весникот „Њујорк тајмс“.