Песков: Русија сака да соработува со НАТО и покрај агресивноста
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека НАТО секогаш бил инструмент на агресија и конфронтација, но Русија сака да соработува со Алијансата.
– Повеќе пати имаме изјавено дека НАТО е создадено за конфронтација. Меѓутоа, Русија никогаш не избегнувала соработка со НАТО, истакна Песков.
Тој додаде дека Русија никогаш претерано не ја нагласувала улогата на Сееврноатлантската алијанса во обезбедување на глобалната европска безбедност и стабилност.
– Бидејќи тоа е инструмент на конфронтација и понекогаш на агресија. Тоа е нашето мислење за НАТО, наведе Песков.
Тој коментирајќи ја вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, наведе дека „НАТО можеби е живо или мртво, ние не сме паталози да испитуваме и да одлучуваме кои делови од НАТО се коматозни”.
Макрон во интервјуто за „Економист” изјави дека „НАТО е клинички мртво, време е Европа да почне да размислува сама за себе како геополитичка сила”.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО