Песков: Русија неучествува на нуклеарниот форум поради слабата соработка со партнерите
Русија не учествува на Форумот за нуклеарна безбедност во Вашингтон, поради недостиг на соработка со партнерите околу тоа прашање, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, јави ТАСС.
- Прашањето за нуклеарна безбедност е многу актуелно. Но, Москва смета дека разгледувањето на прашањата поврзани со нуклеарната безбедност бараат заеднички напори и взаемно почитување на интересите и ставовите. Забележавме определен недостиг на соработка при подготовките на прашањата и темите на самитот. Затоа Русија не учествува, појасни Песков.
Претходно, Белата куќа соопшти дека со одлуката да не учествува на Форумот за нуклеарна безбедност, Русија се самоизолира.
- Одлуката на Русија да не учествува на високо владино ниво, според нас е пропуштена можност пред се за неа, изјави заменик-советникот за националната безбедност на Белата куќа, Бен Роудс.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот