Свет
29. April 2021 - 19:23

Песков: Русија ќе реагира на провокациите на Бугарија и Чешка

Русија нема да го толерира односот кој го покажаа Чешка и Бугарија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Што прават Чесите сега, како Бугарите им се придружуваат, како останатите им се приклучуваат во рамки на оваа таканаречена озлогласена солидарност. Ние веќе нема да толерираме. И тоа јасно го демонстрираме. Русија реагира и ќе реагира. Вакви слични провокативни чекори и апсолутно неприфатливи, неосновани обвинувања против Русија нема да останат без одговор, додаде Песков.

Тој не прецизираше какви точно соодветни мерки ќе бидат преземени.

– Не сакам да бидам конкретен, не ја гледам поентата во тоа. Во секој случај, секоја акција од Русија ќе биде спроведена во наш сопствен интерес, додаде Песков.