Свет
25. January 2017 - 15:19

Песков: Работиме на воспоставување контакт меѓу Путин и Трамп

Администрацијата на претседателот на Русија, Владимир Путин засега не е во контатк со тимот на претседателот на САД Доналд Трамп, меѓутоа, се работи на тоа да се воспостават контакти, јави ТАСС.

- Трамп сега има исполнет распоред и се работи на воспоставување на можни телефонски повици, иако засега немаме датум, изјави потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков со ветување дека јавноста ќе биде благовремено информирана за секоја дополнителна информација на таа тема.

- Контактот ќе биде остварен преку руската Амбасада во Вашингтон, која соработува со Стејт Департментот, рече Песков.

- Ние сега чекаме, но никој не ни врши притисок и јасно е дека се се случува брзо по стапувањето на Трамп на функцијата претседател, чекаме додека да се средат работите во Вашингтон, додаде тој.