Свет
25. March 2018 - 19:00

Песков: Обвиненијата на Лондон за Скрипал се на „работ на бандитизам“

- Обвиненијата на Велика Британија дека Москва стои зад труењето на поранешниот руско-британски двоен шпиун Сергеј Скрипал се на „работ на бандитизам“, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

- Ние велиме дека ова е нешто невидено и што можеби се граничи со бандитизам. Што стои зад тоа? Дали се тоа внатрешните проблеми на Велика Британија или проблеми поврзани со соработката на таа земја со нејзините сојузници или нешто трето? Но тоа нас не не тангира, изјави Песков за НТВ.

Лондон ја обвинува Москва дека стои зад обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал на британско тло изведен на 4 март, со помош на нервен агенс. Русија категорично демантира.

Велика Британија протера 23 руски дипломати,. по што Русија возврати протерувајќи ист број британски дипломати