Свет
6. May 2021 - 14:38

Песков: Нема нови информации за средба Путин - Бајден

Засега нема нови информации за организирање можна средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави агенцијата ТАСС.

– Не. Сè уште нема што да се каже за можна средба, рече Песков.

Путин и Бајден разговараа телефонски на 13 април.

Според прес-службата на Белата куќа, Бајден предложил одржување на руско-американски самит во трета земја во следните неколку месеци.

Потоа, Бајден понуди средба со неговиот руски колега во Европа на лето.