Свет
10. November 2017 - 16:36

Песков: Можноста за состанок меѓу Путин и Трамп сé уште се разгледува

Можноста за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за време на Азиско-пацифичкиот самит за економска соработка (АПЕК) сѐ уште се разгледува, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој потенцира дека продолжуваат разговорите за средба на двата водачи и сé уште не е јасно дали ќе се одржи билатерален состанок.

Белата куќа во Вашингтон претходно соопшти дека посебен билатерален состанок помеѓу Трамп и Путин нема да се одржи за време на самитот на АПЕК