Македонија
20. May 2018 - 12:06

Пешак прегазен на паркинг во Аеродром

Вчера во 16,00 часот во Скопје на паркинг просторот на улица „Владимир Комаров“ М.К.(48) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки удрила во пешакот Г.Н.(86) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош пешакот е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.