Македонија
25. December 2019 - 12:09

Пешак прегазен на паркинг на „Партизанска“

На паркинг простор на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје, вчера во 14.30 часот патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (30) од Скопје, удрило во пешак Ж.С. (79) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.