Македонија
3. April 2018 - 12:56

Пешак повреден во Неготино

Педесетгодишен пешак бил повреден вчера од патнички автомобил марка „фолксфаген буба” со неготински регистарски таблички на улицата „Пекарев“ во Неготино, информира денес Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- Автомобилот бил управуван од дваесет и четиригодишниот М.Д. Повредениот Д.М. од Неготино се здобил со телесни повреди. Бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Неготино, а по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување, појаснува Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Неготино.