ПЕС бара одлуката за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија да се најде на дневниот ред на Самитот на ЕУ
Лидерот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев упати писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск со кое бара донесувањето одлука за отпочнување преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ да биде ставен на дневниот ред на Самитот на Унијата, што ќе се одржи утре и задутре во Брисел.
– Дозволете ми да ја истакнам потребата да се направи конечен напор – последна шанса да се постигне конечен договор меѓу сите европски лидери за ова прашање. Со оглед на неговата важност за стратешките, економските и безбедносните интереси на ЕУ, веруваме дека на нашите шефови на држави или влади треба да им се остави можност за понатамошно разгледување на прашањето, наведува Станишев.
Тој во писмото нагласува дека „премиерите и на прогресивните влади на Северна Македонија и Албанија“ постигнале значителен напредок на тешкиот пат на реформи во двете држави.
– Водејќи ги своите нации, прогресивните премиери Зоран Заев и Еди Рама инвестираа значителен политички капитал, преземајќи болни реформи и носеа тешки одлуки за да напредуваат на нивниот европски пат. Договорот од Преспа меѓу Република Северна Македонија и Грција, на пример, со кој се реши долготрајниот спор за името меѓу двете земји, беше не помалку од историски, додава Станишев во писмото.
Тој потенцира дека Преспанскиот договор претставува „демонстрација на решеноста на политичките раководства на двете земји да ја свртат страницата на конфронтации во регионот и да ги поведат своите држави во нова ера на европска соработка, солидарност и искрено пријателство“.
Станишев изразува стравување дека не носењето одлука за старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија „не само што ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ, туку ќе ја загрози и политиката на проширување и ќе го наруши процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан“.
– Не смееме да не успееме. Тоа им го должиме не само на народите на земјите од Западен Балкан, туку и на сите граѓани на ЕУ, кои очекуваат решително однесување и одговорно лидерство, а не само „сигнали“, наведува Станишев во писмото до Туск.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.