Во експлозијата на камион цистерна во главниот град на Перу, Лима, која се случи во четвртокот, загинаа 14 лица, а 48 се повредени, соопшти денеска перуанското Министерство за здравство.

Најмалку половина од повредените се во критична состојба со изгореници на повеќе од 50 проценти од нивните тела.

Експлозијата на камион цистерна, кој превезувал 2.500 литри течен гас предизвикала пожар на периферијата на Лима, во кој биле уништени неколку куќи и возила.