Loading Video...
Кошарка
15. May 2019 - 14:22

Перо Антиќ избран за прв човек на мак-баскетот

Перо Антиќ избран за прв човек на мак-баскетот.  Антиќ доаѓа на местото на Петар Наумоски, Претседател на македонската кошаркарска федерација, која во иднина ќе го носи името Кошаркарска Федерација на Северна Македонија (КФСМ). 
 
На денешното Собрание, Антиќ беше единствениот предложен кандидат за претседателската функција, откако вчеравечер Владимир Темелковски се повлече од трката, додека досегашниот прв човек Петар Наумовски воопшто не поднесе кандидатура за нов мандат, иако многумина го очекуваа тоа. 
 
Прва задача на Антиќ е да го формира Управниот одбор, за што новиот претседател побара од делегатите 15 дневен рок. 
 
 
Сигурно дека еден од главните соработници на Антиќ ќе биде Тодор Гечевски, кој се споменува за функцијата Генерален секретар. 
 
Инаку, Антиќ е десеттиот претседател на КФСМ, по осамостојувањето на Македонија.