Перници и топломери доби инфективното одделение во Кумановската болница
Перници и топломери доби денеска инфективното одделение во Општата болница во Куманово. Станува збор за донација на неколку аптеки обезбедена преку хуманитарна акција во која учествуваа граѓаните.
Началничката на одделението, доктор Сунчица Јосифова се заблагодари на донацијата и ги повика и останатите компании да донираат за болницата.
– Знаејќи дека сите сме потенцијални пациенти во оваа болница, а пред се голем дел од граѓаните завршуваат и на инфективно одделение ова уште повеќе ни значи, затоа што секогаш има потреба од одредена донација, односно одредени средства за непречено функционирање на инфективното одделение. Се надевам дека и другите компании ќе се вклучат во вакви акции и ќе донираат дел од своите средства на нашата болница, затоа што Општа болница Куманово опфаќа голем број на пациенти, покрива голем регион на жители и ако се земе предвид дека тука доаѓаат пациенти и од Крива Паланка, Кратово, потребите и значењето на ваквите донации е многу важно, изјави Јосифова.
Главната сестра на инфективното одделение, Весна Саздовска вели дека овој потег за донација е за поздравување.
Кумановската општа болница го покрива североисточниот регион со шест општини и приближно 200.000 пациенти.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани