Македонија
2. February 2017 - 16:51

Перкинс: Со пари од Стејт Департментот Сорос ја урива демократијата во Македонија

Сорос поседува или контролира повеќе од 60 невладини организации во Македонија кои добиваат грантови од програмата на УСАИД. На платниот список на соросовите организации се наоѓа и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, односно поранешната Комунистичка партија во земјата,  анализира претседателот на Советот за семејни студии од Вашингтон Тони Перкинс, чија што организација го поддржа изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

-Што сака Претседателот и основач на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос од малата земја  Македонија? Како што се испоставува, многу. Помошта која што САД ја има обезбедено на Македонија за време на нивното долго пријателство ја канализира преку УСАИД. Иако, официјално целта на САД за Македонија е инвестирање во демократијата, Стејт департментот во 2012 почна фаворизирање на партнерства со организации на Сорос. Истиот човек кој и помогна на терористичка група, Муслиманското братство во Египет, ги финансираше насилни протести во Фергусон и канализираше милиони за Барак Обама и на изборните кампањи на Хилари Клинтон сега се обидува да ја уништи демократијата во малубројниот народ на Македонија со преку парите на Стејт департментот, пишува Перкинс.

Во анализата на Перкинс се додава дека во тек е масовно разрешување и егзодус на кадрите на Сорос во Стејт Департментот, а како најзначајна е посочена оставката на Патрик Кенеди, човек кој што беше вмешан во аферата на поранешната кандидатрка за претседател на САД Хилари Клинтон, во која таа беше обвинета дека го злоупотребувала својот е-маил за време на нејзиниот мандат како секретар на државата.

Перкинс во текстот е дециден дека луѓето во Македонија се толку уморни од 25-годишната историја на мешање на Сорос во нивната земја, поради што се групираа во граѓанско движење “Стоп Операција Сорос”.