Фудбал
22. јуни 2021 - 11:06

Перишиќ: Се надевам дека против Шкотска ќе видиме сосема поинаква Хрватска

 Хрватскиот играч за врска Иван Перишиќ раскажа што очекува од натпреварот од последното коло во групната фаза на ЕВРО 2020 со Шкотска.

– Се надеваме дека ќе видиме друг хрватски тим. Шкотска ќе биде многу мотивирана, очекувам добар натпревар, се надевам дека ќе оствариме победа и ќе продолжиме понатаму, изјави Перишиќ за официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Хрватска – Шкотска ќе се одигра вечер од 21 часот во Глазгов.

Во исто време, во Лондон, Англија се среќава со Чешка.

Табела по две кола во Д-група: Чешка 4 бода, Англија 4, Хрватска 1, Шкотска 1.