Македонија
24. February 2021 - 14:02

Перински: Тврдам дека немав контакти со Јанакиески и Ристовски за настаните од „27 април“

Поранешниот директор на СЦ „Борис Трајковски“ Златко Перински сведочеше денес за случајот „27 април“. 

Перински рече дека бил член на многу вибер групи, но тие се однесувале за проблемите на граѓаните.

- Во тие групи воопшто не се говореше за настаните од „27 април“. Исто така тврдам дека немав контакти со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски за случувањата во тој период, тврдеше Перински на денешното рочиште.