Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објавува јавен повик за експерти коишто ќе бидат дел од базата на експерти на Ресурсниот центар, кој е отворен за аплицирање до 15 декември годинава.
Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ќе има можност да сподели знаење, да работи на конкретни предизвици, да креира решенија и да даде видлив придонес во развојни процеси од локално значење.
Преку овој јавен повик, како што објави на Фејсбук министерот за локална самоуправа Златко Перински, ќе се формира регистар на висококвалификувани експерти и практичари, кои согласно потребите на општините, ќе бидат ангажирани за различни видови на професионална поддршка: менторства, специјализирани обуки, теренски ангажмани, развој на алатки, подготовка на анализи, прирачници, стратегиски и оперативни документи и други форми на експертски придонес.
Областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори кои имаат значајно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа, подобрувањето на услугите кон граѓаните и креирањето на стратешки решенија за долгорочен развој.
-Со овој јавен повик ги охрабруваме сите професионалци кои сакаат да имаат придонес, да работат на значајни процеси и да го споделат своето искуство, да се пријават и да бидат дел од оваа суштинска иницијатива за поддршка на јакнењето на локалната самоуправа, вели Перински.
Повикот може да се најде на следниот линк: https://mls.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-povici/javen-povik-za-i...
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
