Фудбал
22. February 2017 - 15:20

Перез: Време е Меси да заигра во Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, внимателно ја следи ситуацијата со Лионел Меси и планира да го донесе Аргентинецот во Мадрид, пренесува весникот „El Confidential“.
 
Според овој извор, Перез ја следи ситуацијата околу преговорите помеѓу Меси и Барселона и бил подогтвен да реагира доколју Аргентинецот не го продолжи договорот.
 
Меси сеуште не потпишал нов договор, поради што неговото име се поврзува со неколку врвни европски екипи, додека од Барселона велат дека е само прашање на време кога двете страни ќе се договорат.
 
Перез и во минатото неколку пати се обидуваше да го донесе Аргентинецот во Реал.
 
Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува во јуни 2018 година.