Перез: Ако сметате дека Суперлигата е мртва, не сте во право
Претседателот на Реал Мадрид и претседател на Европската Суперлига, Флорентино Перез останува уверен во проектот за новото натпреварување. Според него, досега никој не го напуштил списокот на учесници, и покрај изјавите.
– Не се плашиме од одмазда од УЕФА или ФИФА. Ако мислите дека Суперлигата е мртва, апсолутно не сте во право. Досега никој не ја напушти Суперлигата. Никој не плати провизија за ова. Потпишаните договори се обврзувачки. Клубовите од Премиер лигата не можат само да си заминат. Ние нема да поднесеме тужби, но тоа се сериозни луѓе и заедно ќе најдеме решенија, изјави Перез за „Ел Ларгуеро“
На 19 април беше објавена Суперлигата. Своето учество тогаш го потврдија: Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал, Барселона, Атлетико, Милан, Интер и Јувентус. Флорентино Перез, кој има слична функција во мадридскиот клуб, стана претседател на лигата.
Вчера, управата на Суперлигата одлучи да го прекине проектот по одбивањето на англиските клубови да учествуваат на турнирот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација