Здравје
5. February 2020 - 8:47

Пепелниците полни со опушоци се опасни за здравјето

Најновите истражувања покажуваат дека и откако ќе бидат целосно изгаснати, цигарите преку филтрите и натаму во воздухот емитуваат 14 проценти од никотинот, што го „произведува” употребената цигара.

Анализата на Американската агенција а храна и лекарства (FDA), објавена во списанието „International Journal of Indoor Environment and Health”, откри дека високи концентрации на никотин и триацетин – пластификатор во филтрите на цигарите, се уште можат да бидат откриени во воздухот во затворени простории, дури пет дена подоцна.

-Апсолутно бев изненаден, изјави експертот за животна средина Дастин Попендик од американскиот Национален институт за стандарди и технологии (NIST).

„Бројот на штетни материи е значителен и во пепелниците полни со опушоци во автомобилите и затворените простории, бидејќи и натаму претставува голема опасност за здравјето на луѓето”, додаде тој.