Македонија
12. November 2015 - 16:38

Пензиониран полковник во АРМ преку организирана група го оштетил буџетот за милион евра

Пензиониран полковник во АРМ бил на чело на организирана група која направила криминал тежок речиси 1 милион евра. Вкупно 8 лица и 6 фирми меѓу кои и познатиот Златен клас биле вмешани во незаконското работење на шттета на државниот буџет кое го открила финансиската полиција.

Шемата била едноставна- фирмите ги продавале своите производи на црно , без соодветна документација и за тоа не плаќале данок. За да го прикријат даночното затајување откако ќе ги испразнеле сметките, компаниите им ги препишувале на лица од Бугарија за надомест од само 50 лева.

Таков примерот на фирмите Стар груп од Скопје, Витамин  Ага од Гостивар и Ванекс од Тетово кои им биле препишани на лица од Ќустендил. Во сите овие случаи посредник бил штијанецот со кариера во армијата.

Но најголемата проневера финансиката полиција ја открила во работењето на Златен Клас.

Сопственикот на оваа фирма на црно продал свои производи вредни над 400.000 евра а по различни основи бил задолжен и кај повеќе лица и фирми. Затоа се одлучил да ја обезвредни фирмата и фиктивно најпрво да ја продаде на својата сопруга а потоа и на бугарска државјанка од Ќустендил која за услиугата заработила 50 евра.

Во претресот во домот на осомничениот ѓштипјанец пронајдена е документацијата од сите фиктивно продадени фирми. Во истрагата бил вклучен и ИНТЕРпол Бугарија кој ги обезбедил бугарските државјани кои биле лажни купувачи и кои ги потврдиле сомневањата на финансиската полиција за криминал тежок 935 илјади евра.