Македонија
20. October 2020 - 12:52

Пензиониран полицаец: Го загубив гласот, но зборувам преку моите уметнички дела

Раде Василев е 61-годишен пензиониран припадник на МВР. Пред 13 години ја победи смртта, но но цената што ја плати беше висока. Во борбата со ракот загуби гласот, губејќи го грлото. Но веќе 10 години неговиот глас е уметноста.

-Овие 10 години пропатував многу, во повеќе држави. Тоа што ми останува во меморија, со фотографии го сликам. Така нешто интересно од тие наши авантури, вели Раде. 

Сепак неговата прва љубов е фотографијата. Фотографиите што ги правел низ годината сега ги оживува на масло. Но неговите планови ги одложи пандемијата. 

-Ако пројде оваа криза ќе направам една голема тура низ Македонија, Пиринска, Егејска и оваа нашава Македонија и ќе направам околу 30 прекракрасни слики, вели Раде.

Засега неговите дела ги виделе само најблиските. Планира откако ќе заврши пандемијата со коронавирусот да ја направи својата прва изложба.

Видео прилогот е целосно направен со мобилен телефон, од снимање, па до монтажа.

 

Даниел Василев