Македонија
7. September 2019 - 16:08

Пензиониран адвокат тужи пратеник на Нова Демократија за кршење на договорот од Преспа

Падна и првата тужба за грчки политичар кој во своите обракања  го користи терминот Скопје и Скопјани ,наместо името кое беше догворено со догворот од Преспа  - Северна Македонија . Тужениот е пратеник од редовите на Нова демократија, Ангелос Сиригос, инаку професор по мегународно право . .Тужителот- грчки адвокат во пензија Константин Софијанос. Во тужбата на 23 страници, се вели дека е противзаконски соседната земја да се нарекува Скопје а нејзините грагани Скопјани.

 – Токму вие пратениците го гласавте законот  па треба и да го почитуваме, пишува адвокатот, коментирајки го непочитувањето на преспанскиот догпвор во терминологијата на грчките политичари, пишува во тужбата Софијанос.

Тужителот инсистира дека со употреба на несоодветните темини се поттикнува расизам и омраза што, според него,  би можело да доведе до конфликт со соседната земја. Во тој случај не е исклуено воено да се вмеша и Турција, предупредува адвокатот.

Тужениот пак, на фејсбук вели дека се работи за чиста параноја и дека тужителот и самиот не знае што сака.

Поддржувачите на Преспанскиот договор го користат терминот  “ Северна Македониjа” во  своте обраќања.Но, кога другата страна не го прави тоа, единствено им останува да не убедуваат колку е корисна и добра спогодбата која ја потпишале, вели  Ангелос Сиригос.

Пратеникот на Нова демократија уште на самиот почеток беше силен противник на Догворот од Преспа и се залагаше неговата ратификација биде одложена. Откако неговиот лидер дојде на власт, тој се залага за ревидирање на делови од договорот.