Македонија
17. September 2018 - 11:09

Пензионионер тешко повреден во сообраќајка со мотор во Пробиштип

Вчера во 17.30 часот на улица „Димитар Влахов“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(57) од с.Добрево и мотоцикл без регистарски таблици, управуван од Ж.М.(68) од Пробиштип.

Во незгодата Ж.М. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.