Пензионерскиот синдикат незадоволен од петтиот пакет антикризни мерки
Пензионерскиот синдикат на Македонија е незадоволен од петтиот пакет мерки и смета дека треба сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош.
-Сметаме дека со овој сет на антикризни мерки требаше да бидат опфатени сите пензионери, имајќи во предвид дека дел од пензионерите добија помош со претходната мерка. Очигледно е дека како старосна група, пензионерите и постарите лица на граѓани не се сметаат за група на која и е потребна помош, а во суштина се група на граѓани кои се последни на списокот за да се подобри нивниот економско-социјален стаус во државата, се вели во денешната реакција од синдикатот, кој делува во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати.
Пензионерскиот синдикат бара да се врати и стариот начин на усогласување на пензиите согласно трошоците на живот и покачувањето на просечната нето плата исплатена во последните шест месеци.
-Соодносот во 2018 година на просечната плата со просечната пензија изнесувал 60 проценти, додека ако се види тој сооднос денес, тој изнесува 56 проценти, (односно просечна пензија во износ од 15.449 денари) од што може да се заклучи дека пензиите стагнираат и покрај тоа што реалност е и инфлацијата и покачувањето на платите, посочува синдикатот.
Оттаму реагираат и дека одредени институции не дозволуваат да се регистрира синдикатот иако е формиран во 2018 година.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот