Пензионерка од Скопје добитничка на седумка од НовоЛото
Пензионерка од Скопје е добитничка на седумка од 71. коло на НовоЛото вредна 6.000.000 денари.
Од Државната лотарија на Македонија наведуваат дека добитничката, која сака да остане анонимна,е долгогодишен играч на игри на среќа.
- Лотото е мојата забава. Пополнувањето на комбинациите со бројчиња е мој ритуал, а очекувањето на извлекувањата секогаш ме држи во исчекување и ме исполнува со возбуда. Емисиите се куси и интересни за гледање. Емисијата во која беа извлечени токму моите броеви, ја изгледав со задоволтсво, ги запишував бројчињата кои се извлекуваа на лист хартија, а дури потоа ги споредив со моите уплатени броеви. Чувството дека се извлекоа моите 7 бројчиња беше неверојатно, вели добитничката на последната седумка.
Играла четири колони по седум броеви, кои биле избрани по датумите на родендените на своите најблиски.
Ова е 12-та седумка, а четврта во 2015 година.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра