Пензионерка канибал: Баба Тамара изеде 11 жртви
Серискиот убиец, позната како “Бабата Мевосек“ призна дека убила 11 луѓе и според нејзините дневници на ужасот најверојатно и ги изела, соопшти руската полиција.
68-годишната Тамара Самсонова во последните две децении обезглавила и испосекла дури 11 жртви и сите злосторства ги опишала во своите тајни дневници на руски, германски и англиски јазик. Полицијата освен дневниците на ужасот во нејзиниот стан во Санкт Петерсбург откри и книги за астрологија и црна магија.
Таа беше уапсена откако уличните камери ја снимија во близината на нејзиниот дом како во пластична вреќа ги изнесува останките од нејзината последна жртва.
Детективите се сомневаат дека поранешната хотелска работничка некои од човечките делови што ги вадела од жртвите ги јадела. Таа телата ги обезглавувала, па им ги сечела екстремитетите.
Најверојатно таа ги јадела нивните бели дробови како и други делови.
Од полицијата не исклучија дека таа е канибал.
Последна жртва на бабата Тамара била 79-годишната Валентина Уланова на која и дала премногу апчиња за спиење по што почнала да ја сече со моторна пила додека уште била жива.
Обезглавеното тело на Уланова која таа ја чувала е пронајдено во езерце во една уличка во Санкт Петерсбург.
Тамара го признала убиството на старицата и раскажала како ја заспала со апчиња, а потоа ја исекла на парчиња зошто претходно се скарале за неизмиени шољи.
Со проверка на нејзините дневници се очекува да се откријат некои од грозоморните убиства кои руската полиција се уште ги нема решено, а се однесуваат на обезглавени, распарчени тела чии делови се најдени во различни улички во градот.
Така пред 12 години, на истата улица е пронајдено искасапено машко тело, а во станот на Тамара е пронајдена визит карта од лицето, со што таа е директно поврзана со ова убиство.
Самсонова е осомничена и за убиство на својот сопруг, кој е пријавен за исчезнат во 2005 година и оттогаш не е пронајден ниту жив, ниту мртов.
Во дневниците откриено е дека таа го убила и својот потстанар.
Полицијата засега не соопштува други детали.
Соочена со истражен судија, бабата канибал мирно му рече дека очекувала дека ќе дојде и тој ден и дека целиот град ќе разбере за тоа што го сторила.
Таа ја призна својата вина и рече дека очекува соодветна казна. Со последното убиство го завршила поглавјето и необично се израдувала кога и одредиле притвор.
Ново на Сител
-
Трамп ја номинира Пем Бонди за јавна обвинителка откако Мет Геjц се повлече
-
Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и засилување на тензиите
-
Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер
-
Состојба на патишта
-
19 годишник со „сеат алтеа“ удрил во женско лице кое починало на лице место
-
На 20-та собраниска седница, изгласани неколку предлог-закони во прво читање
-
Утре ќе биде нормализиран сообраќајот во Скопје
-
Приведени пет лица во Тетово - Одземени 450 грама марихуана | ФОТО