Балкан
30. March 2020 - 11:14

Пензионерите во Словенија во продавница ќе можат да одат само наутро

Словенечката Влада донесе одлука со која пензионерите ќе можат да пазарат само од 8 до 10 наутро, кога маркетите ќе бидат отворени само за нив.

Од Владата информираат дека ова се прави со цел оваа ранлива категорија граѓани да ја одвојат од другите и со тоа да ги намалат шансите да се заразат со коронавирусот кој може да биде опасен за нив.

Оваа мерка важи и за инвалидизираните лица и бремените жени.

Инаку, според одлуката на Владата во време на борбата против коронавирусот отворени ќе бидат и продавниците за земјоделски производи, аптеките, продавниците за медицински помагала, бензинските пумпи, поштите, трафиките и дуќаните за продажба на храна за животни.