Македонија
3. March 2017 - 17:05

Пензионер убиен во Прилеп

Видан Маркоски е идентитетот на 64-годишниот маж, чие мртво тело, со убоди од нож, пронајдено е, вчера околу пладне во изнајмен стан во центарот на Прилеп, на Булеварот “Гоце Делчев”. Починатиот бил откриен од сопственикот на станот, кај кого - неколкудневното нејавување на телефон на кираџијата, предизвикало сомневање. Станодавецот, во присуство на полицијата, влегов во станот, каде сега починатиот Видан бил пронајден на подот, во легната положба и со убодни рани од нож во грбот. Лекарите од Итната помош само ја констатирале смртта, а телото е предадено на обдукција.
 
Соседите, кои од разбирливи причини не сакаа да зборуваат во камера, откриваат дека Видан бил корисник на американска пензија, голем љубител на чашаката, а станот во кој живеел речиси две години, редовно бил собиралиште на многу сомнителни друштва, машки и женски, од различна националност, па, не ја исклучуваат можноста дека некој од неговите пријатели и му пресудил.