Пензионер му вперил пиштол во глава во тетовскко
Вчера во 20.00 часот телефонски во Полициско одделение Камењане, 20- годишниот Ф.М од село Пирок, тетовско, пријавил дека истиот ден во 19 часоти 30 минути пред вратата на неговата куќа дошол 73- годишен Б.Б од село Пирок и веднаш на висок тон почнал да го навредува, по што извадил пиштол и го вперил кон него.
Од страна на сосед и од пријавителот, Б.Б. бил спречен во намерата, по што си заминал.
Причина за настанот било тоа што Ф.М. имал љубовна врска со внука на Б.Б., која што ја прекинал.
По кажување на Б.Б., Ф.М. ја вознемирувал внука му.
Во полициската станица Камењане дошол Б.Б. од кого, со потврда за привремено одземени предмети, одземен е пиштол марка „Бернандели“ калибар 7,65мм и дозвола за поседување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина