Свет
22. October 2015 - 8:43

Пентагон: Се урнаа две американски беспилотни летала во Ирак и Турција

Неодамна, два вооружени беспилотни авиони на воено-воздухопловните сили на САД се урнаа во Ирак и Турција, соопшти портпаролот на Пентагон, пренесува БТА.

Двата авиони „Предатор“ биле вооружени со ракети воздух-земја „Хелфаер“. И авионите и оружјето се пронајдени и вратени во ВВС на САД.

Едниот дрон се урнал југоисточно од Багдад на 17 октомври, прецизира портпаролот на Пентагон Стив Ворен. Ирачката полиција го пронашла и го вратила на Американците. Нема повредени при инцидентот.

Два дена подоцна, друг „Предатор“ паднал во јужна Турција, во реонот Хатај. - Во дронот се појави механички дефект. ВВС предложија да го контролираат и го приземјија во ненаселен реон, по што беше вратен на американските власти, посочи портпаролот.

За двата случаи се води истрага.