Пентагон објави анимација: Како рускиот ловец го пресретна американскиот авион над Црното Море
Пентагон објави видео за тоа како рускиот ловец Су-27 над Црното Море го пресретнал авионот за радио-електронско извидување на американската авијација EP-3E „Arijes II“.
Колку за потсетување, Министерството за одбрана на Русија во понеделникот објави дека на 29 јануари уредите за контрола на летање над неутралните води на Црното Море откриле непозната воздушна цел, која се приближувала до границата на воздушниот простор на Русија.
Министерството соопшти дека ловецот го следел американскиот авион „не дозволувајќи му да ја наруши границата на воздушниот простор на Русија, истовремено почитувајќи ги сите потребни безбедносни мерки“.
Американските медиуми потоа објавија дека се работи за небезбедно пресретнување од страна на рускиот авион, бидејќи истиот се приближил на растојание од само метар и половина. Меѓутоа, Русите соопштија дека биле преземени сите мерки на претпазливост при пресретнувањето.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња