Свет
20. September 2019 - 9:01

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп. Како што се наведува, Пентагон ќе му претстави широк спектар на воени опции, а меѓу нив е и список со потенцијални цели за воздушни напади во Иран.

Трамп исто така ќе биде предупреден дека воена акција против Исламската Република може да ескалира во војна, изјави неименуван американски функционер.

Состанокот најверојатно ќе биде прва прилика за донесување одлуки за тоа како САД ќе одговорат на нападот врз нивниот клучен блискоисточен сојузник, коментираат светските агенции.