-->
-->
Пенс: САД ќе воведат најостри санкции против Северна Кореја
-->
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД се подготвуваат да објават „најтешки и најагресивни“ економски санкции против Северна Кореја, кои треба да го зголемат притисокот на владата во Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната и ракетна програма.
- САД наскоро ќе откријат најтешка и најагресивна серија економски санкции против Северна Кореја досега. Ќе продолжиме со изолација на Севрена Кореја се додека не се откаже од нуклеарната програма и тестирање балистички ракети еднаш засекогаш, изјави потпретседателот на САД, по средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио.
Нарекувајќи ја власта во Северна Кореја „најагресивен режим на планетата“, Пенс изјави дека Вашингтон и неговите сојузници, меѓу кои и Јапонија, ќе продолжат да вршат притисок на Пјонгјанг се додека не преземе чекори кон „потполна, проверлива и бесповратна денуклеаризација“.
Пенс престојува во Јапонија на пат кон Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК