Македонија
30. September 2017 - 10:47

Пенков: Мојата визија за поуспешно Неготино ќе ја реализирам преку остварување на повеќе проекти

Секогаш имам само една мисла која ме води, граѓаните се пред се, општина Неготино пред се. Секогаш пред мене стојат две работи, тоа се работни задачи и резултати исполнувајќи ги тие работни задачи во интерес на граѓаните. Ова е визијата, која кандидатот за иден градоначалник на оваа општина, Златко Пенков сака да ја оствари заедно со граѓаните за иднината на Неготино.

Тој од граѓаните побара да му ја дадат довербата за да продолжи со својата работа како градоначалник.

-Мојата визија за поуспешно Неготино, ќе ја реализирам преку остварување на повеќе проекти, нема да ги набројувам сите, само неколку за сите нас. Дозавршување на проектите за комплетно решавање и подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино, асфалтирање на улици во градот и населени места во општината, решавање на проблемот со паркинг местата во Неготино, изградба на кружни текови на влезот, излезот и центарот на Неготино, со што ќе покажеме грижа за сообраќајот во градот, изјави Пенков.

Тој на митингот на ВМРО-ДПМНЕ  во Неготино спомена уште многу проекти, како што е реконструкција на градскиот пазар во Неготино, изградба на градинка, подобрување на енергетската ефикасност во гимназијата, набавка на дополнително возило за ЈП Комуналец.

-За сите спортисти, за сите спортисти, ќе има реконструкција на стадионот и спортскиот центар. Ќе продолжи грижата за сите земјоделци, Неготино е град на сите земјоделци. Овие проекти се остварливи, Општина Неготино поседува човечки ресурси, добра инфраструктура. Со домаќинско работење ветуваме дека ќе ги реализираме сите проекти за подобро Неготино, ќе сториме се со мојот тим да се реализираат овие проекти, изјави Пенков.

Тој напомена дека ова не се обични локални избори, тој порача дека сега е моментот народот да каже доста е и државата да се врати на вистинскиот колосек.

-15-ти октомври е денот кога ставаме пресек и еднаш засекогаш на оние кои и мислат лошо на Република Македонија им ставаме точка. Повеќе од сигурен сум дека сите вие знаете да го направите вистинскиот избор, а тоа коалицијата за подобра Македонија, кандидатот за градоначалник и советничката листа со број 13, изјави Пенков.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот истакна дека во новата програма идниот градоначалник Златко Пенков предвидува многу реални проекти.

-Предвидуваме големи проект во патната инфраструктура, ќе се градат и реконстуираат улици, тротоари, ќе се изградат минимум три кружни тека во вкупна вредност од 63 милиони денари, ќе се изврши асфалтирање на сите неасфалтирани улици во Неготино и на секој жител ќе му се овозможи пристап до асфалтиран пат. Програмата на идниот градоначалник е правена прецизно и кога ВМРО-ДПМНЕ прави прецизно не смее да има промашување. Ќе се тампонираат многу патишта, а ветуваме и изградба на нова филтер станица за прочистување на вода, ќе се изгради нова фекална канализација и за комуналното претпријатие ќе се набават нови возила и ќе се купат нови контејнери, а ќе се исчистат и сите канали во општината за граѓаните да имаат почиста средина, вели Груевски.

Тој додаде и дека ќе се општината и понатаму ќе дава по 7 илјади денари за секое ново родено дете и ќе се реновира училиштето Св Кирил и Методи и ќе се реновираат градинките во Неготино и во населеното место Темјаник и ќе се отворат нови игротеки во населените места како и дека ќе се реконструира спосртската сала Младост…