Ракомет
19. October 2016 - 14:02

Пенезиќ: Одиме на два бода

Ракометраките на ЖРК Вардар по нерешениот резултат во првото коло со ФТВ (27:27) и во следното коло повторно ја имаат улогата на домаќини. Во Скопје ќе гостува германската екипа Лајпциг. По смената на тренерот Индира Кастратовиќ, во следниот период до назначивањето на нов тренер екипата на натпреварите ќе ја води тренерски тим (Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски), а овие денови ќе им помага и помошникот од машкиот тим Давид Девис.

На денешениот прес Андреа Пенезиќ, која беше најефикасна на дуелот со ФТЦ (осум голови) изјави:
- Во петокот не беше вистинската игра на Вардар. Во спортот се случуваат вакви работи. Аце и Девис (тренерите) направија анализа за следниот ривал и може да порачам дека одиме на победа.
Капитенот Ина Сусулина истакна;
- Лајпциг не е лоша екипа, а нашиот квалитет е сепак повисок од тоа што го одигравме.

За дуелот во петок со Лајпциг тренерот Аце Санковски истакна:

-      Очекувам со максимален ангажман да стигнеме до првата победа и сметам дека сме поквалитетни од нив. Имаме мали здравствени проблеми, но очекувам сите што ќе бидат на теренот да го дадат својот максимум.

Натпреварот ЖРК Вардар – Лајпциг се игра во петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 14:30 часот.

 

 

фото: www:zrkvardar.mk