Ракомет
7. October 2017 - 10:30

Пенезиќ: Чекавме два месеца на оваа победа

Ракометарките на Вардар новата сезона од Лигата на шампионите ја почнаа со победа на домашен триумф.Во дуелот од првото коло синоќа беше совладана екипата на ФТЦ од Унгарија со 34:31. Со шест постигнати голови Андреа Пенезиќ беше една од најефикасните во составот на ЖРК Вардар.
 
- Добро е што почнавме со победа во новата сезона од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е секогаш тежок, особено што трениравме два месеца за добар почеток во Лигата на шампионите. Добрата подготовка за натпреварот и високата концентрација ни овозможија високо водство во првиот дел. Во второто полувреме особено во финишот малку се опуштивме и противничката екипа успеа да го намали поразот, но најважно е што постигнавме победа, изјави Пенезиќ.
 
Во следното коло ЖРК Вардар гостува кај екипата на Турингер во Германија.