Македонија
8. December 2019 - 20:03

Пендаровски за ,,Детектор‘‘: Не сум убеден дека ќе има избори на 12 април, тоа не зависи од мене

Повеќе од две третини од граѓаните на референдум би гласале за членство на Македонија во НАТО, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го изработи Институтот за политички истражувања Скопје. Според добиоените податоци, 67,3% од анкетираните ќе дадат поддршка за членство во НАТО доколку утре би се организирал референдум по ова прашање. 14,6% од граѓаните велат дека ќе гласаат против додека 18,1% немаат одговор.
Во споредба со анкетата која истиот Институт ја изработи за “Детектор” во февруари годинава, не се забележуваат значајни промени. Намален е бројот на граѓани кои би дале поддршка, но за уште поголем процент се намалил и бројот на оние кои би гласале против.
При споредбата најголема е разликата кај граѓаните кои немаат одговор на ова прашање.

Македонија се уште ја чека и целосната ратификација на протоколот за НАТО со надеж дека тоа ќе се случи дека тоа ќе се случи пред закажаниот датум за избори.

-Убеден ли сте дека  ќе има избори на 12 април?.
–Не сум убеден бидејќи не зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во своето 
интервју за Детектор.

Инаку, во Анкетата за Детектор, Членството во НАТО според граѓаните ќе донесе бројни придобивки за државата.
47,5% од граѓаните сметаат дека со влезот на земјава во НАТО значително ќе се зголемат инвестициите во економијата, додека 30,8% не очекуваат вакви придобивки.

Интересно е дека мажите се поголеми оптимисти од жените и очекуваат повеќе инвестиции во Македонија со влезот во НАТО.

Повеќе од половина од граѓаните, или 50,5% очекуваат со влезот во НАТО да се зголеми безбедноста во државата, додека 28,8% немаат такви очекувања.

Според етничката припадност, етничките Албанци  повеќе очекуваат поголема безбедност со членството во НАТО, помали се очекувањата кај етничките македонци и останатите заедници.

43,3% од анкетираните очекуваат со влезот во НАТО за да се забрза и процесот на евроинтеграции додека 32,8% немаат такви очекувања. И тука, повторно поголеми оптимисти се мажите.

Мнозинство граѓани сметаат дека македонскиот буџет нема доволно капацитет да го издржи членството во НАТО.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на “Детектор” е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.